Во просториите на Технолошко-металуршкиот факултет се одржа турнир во пинг-понг на кој учествуваа вработени и студенти, покажувајќи спортски дух, натпреварувачка енергија и одлична атмосфера.
По интересни и неизвесни натпревари, пласманот беше следниот:
Прво место – проф. д-р Перица Пауновиќ
Второ место – проф. д-р Војо Јованов
Трето место – студент Лазар Јеленковиќ
Им честитаме на победниците и им благодариме на сите учесници за нивниот придонес за реализација на настанот
Се гледаме на следниот спортски настан!


